Се на едно место

Уште од самиот почеток при отварање на Оптика “Trivex” се водиме по принципот се на едно место, се со цел да му овозможиме на потрошувачот, она што го бара за здравјето на очите да го најде кај нас.

Компјутерско одредување на диоптрија

Периодични прегледи на очите и видот се важен дел од превентивната здравствена заштита.

 Многу проблеми со очите и видот немаат очигледни знаци или симптоми, така што можеби не знаете дека постои проблем. Раната дијагноза и третман на проблемите со очите и видот може да помогне да се спречи губење на видот. Според Mayo Clinic, децата треба да го имаат првиот офталмолошки преглед помеѓу три и петгодишна возраст и после тоа да имаат редовни контроли во период од една до две години. Возрасни кои немаат проблем со видот треба да се прегледуваат секоја година. Обучениот и стручен тим во Оптика Тривекс ја користи најсовремената и најпрецизна јапонска опрема. Резервирајте го Вашиот термин и ние ќе Ви помогнеме да го пронајдете она што им е потребно на вашите очи. 

Поправка на очила

Очилата честопати “страдаат” поради наше невнимание, но не грижете се, ние сме тука за поправка на какво било оштетување.

Услуги кои ги нудиме:

»  Прилагодување на рмки (стеснуање или проширување според Вашите потреби)

»  Замена на потпорни влошки за нос

»  Замена на стакла во случај на гребнатини

Диоптерски рамки и изработка на стакла

Изборот на вистинскиот пар рамки за вас, значи да се земат предвид вашиот стил, структура на лицето, линија на веѓите, боја на очите, вашата гардероба, но и удобност при носењето.

Нашиот тим ќе Ви помогне да го одберете Вашиот совршен пар за подобрување на Вашиот изглед. Располагаме со голем асортиман н адиоптерски рамки кои имаат врвен квалитет кои ќе Ви овозможат подобар, бистар вид по прифатливи цени. Типови на стакла кои ги нудиме се:

» Бифокални (2 во 1) кои се користат за гледање во даличина и близина

» Мултифокални (3 во 1) кои се користат за гледање во даличина, на средно растојание како и во близина. Овие стакла се погодни за корисници кои имаат проблем со далековидност и кратковидност а притоа користат само еден пар очила

"Clip on" - прикачување на рамка со магнет

Први сме на македонскиот пазар кои го воведоа ова најпрактично решение за две во едно, диоптерски очила и очила за сонце.

Не е лесно да се најде совршено вклопување, а тоа е она што ги прави очилата за сонце со клип погодни. Очилата за сонце со клип, се удобен и ефтин начин да ги заштитите вашите очи од UV зраци, додека ги носите вашите диоптерски очила. Располагаме со повеќе од 150 машки и женски модели.

Сончеви очила

Очилата за сонце ги штитат очите од штетното и непријатното дејство на сончевата светлина.

Располагаме со голем избор на брендови за очила за сонце кои нудат 100% UV заштита. За да ги задоволите специфичните потреби, изберете го индексот на заштита што е најсоодветен за Вашата активност или животна средина.

Контактни леќи

»   ТЕЧНОСТ ЗА КОНТАКТНИ ЛЕЌИ

»   КОНТАКТНИ ЛЕЌИ ВО БОЈА

Theme: Overlay by Kaira